КОМЕНТАР: „Игри без граници“- договор или предвремени избори?

Од:

Повторно договорени „Игри без граници“ за билдање на рејтингот по национална или националистичка основа на коалициските браќа или подготвување терен за нова предвремена трка?

Двете варијанти се реални.

Пари веќе нема, тоа е факт, иако некој сака да го подбутне тоа под тепих, се чувствува. Извори од Владата, за А1 велат дека трошењето буџетски пари, секојдневно се планира и секој денар два пати се превртува. Нема пари во МНР, тенко е во МВР, многу владини и службеници од институциите и дирекциите не можат веќе да користат службени мобилни импулси.

ВМРО-ДПМНЕ е веќе свесен за рејтингот кој им оди во надолна линија, и многу логично е ,  во  тајминг кога се уште подобро стојат од опозицијата, која е во фаза на консолидирање, партијата на Груевски да сака да истрча на предвремени избори.

Веќе видените игри за добрите и лошите момчиња.  Калето, енциклопедијата, македонскиот за првачињата Aлбанчиња сега се пресликани во инцидентот во Слупчане и со Законот за бранителите. И после тоа да излезе некој нов договор, тендер, позиција.

По кој знае кој, јубилеен пат ДУИ, како навредено дете се заканува дека доколку ВМРО-ДПМНЕ не игра по нивни ноти, дека ќе го напуштат коалицискиот брак.

По освежувањето и одморите, односите  во коалицијата се вжештија  откако министри на ДУИ и офицери на АРМ  во работно време, службено се поклонија на споменик на ОНА во Слупчане. И наместо акција, следуваше некаква си реакција. А Бесими денеска се извини, со додавка, доколку навредил некого.

И она што го одбиваа неколку години, ВМРО-ДПМНЕ, или пратеничката група која гласаше против закон за бранители, сега сама изготви таков закон.

И официјално, се запали црвеното светло во ДУИ и на брифинг, само за албански медиуми, се закани, доколку не важат истите права и за ОНА, ќе ја напуштат Владата.

Веднаш, исто решително, исто на брифинг, ВМРО-ДПМНЕ одговори, воделе решителна принципиелна  политика, и тоа не е дел од политичкиот договор.Бриферите велат, и дека односите им биле само „технички“. Наводно и едната и другата страна му се пожалија и на Рикер.

И си расчистија или продолжија со игрите. Груевски е лут на „помалиот“ брат во коалицијата и тоа овој состав, а претходниот бил добар. И со нив не сака наводно, да си игра, и ако ДУИ сака и тие сакаат предвремени избори. Кога? Со кој избирачки список? А барањата на ОБСЕ за  нови правила за фер и демократски избори?

Одговорот изгледува во следната „игра без граници“.

И сега што навистина се случува во владиниот двор? Вистината е како шило, врти врти и излегува на површина.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Ахмети скандирајќи „УЧК“ му порача на Мицкоски: Христијане, мери си ги зборовите, на устата уште имаш млеко“

Орце Костов

Мисајловски: Сплотени, сите заедно од Шуто Оризари порачуваме дека на 24 април победува Силјановска Давкова

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ниту еднаш не го нападна, ниту искритикува ДУИ, тие се сијамски близнаци

Бугарите дел од уставот, Османи преседател, Села прв човек на Собранието – ДУИ симулираше конститутивна седница

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески