Комеморација за директорот на кумановскиот Центар за култура

Од:

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово денеска се одржа комеморација на која колегите и пријателите се простија од дирекеторот  Роберт Павлевски кој почина ноќеска во сообраќајна несреќа во Куманово.

Присутните му одадоа почит на Павлевски со едноминутно молчење,  по што во име на вработените се обрати Сузана Трајковска, која рече дека Павлевски ќе остане запаметен како ведар човек, добар организатор и, пред се, пријател, човек кој неизмерно ја сакал музиката.

Актерот Горан Илиќ истакна дека Павлевски прерано си заминал и изрази  сочувство до најблиските. На комеморацијата беа прочитани телеграми со сочувство од повеќе театри од Македонија и од Силистра од Бугарија.

Четириесетгодишниот Павлевски загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска еден час по полноќ на булеварот „Трета македонска ударна бригада“.  Во несреќата повредени се уште четири сопатнички, од кои две се задржани во кумановската болница, а две се префрлени на скопските клиники.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски