Колку држи тезата дека некој сака да ја затвори ТВ Нова со само 3,71 отсто гледаност?

Од:

Официјалните мерења на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медумски услуги ги демантираат тврдењата на Телевизијата Нова и адвокатот на Кочан, Никола Додевски дека изрекувањето мерка притвор за бизнисменот е напад врз неговиот медиум од страна на СЈО и СДСМ поради известувањето од секојдневните протести и уредувачките политики кои како што велат не им одат во прилог на опозицијата.

Од спроведеното истражување на агенцијата направено е рангирање за гледаноста на телевизиите со национална концесија и телевизиите на државно ниво преку сателит. Телевизијата во сопственост на бизнисменот во бегство, Сеад Кочан и покрај сумата која е вложена во овој медиум се наоѓа дури на единаесеттото место.

Според ова истражување на Агенцијата, телевизијата на бизнисменот Сеад Кочан е помеѓу најнегледаните во Македонија со само 3,71 отсто гледаност. Зад ТВ Нова се само Канал 5 плус, МТВ2, НашаТВ, Собранискиот канал, ТВ Сонце и ТВ Арт.

Телевизијата Нова и активистите кои ги бранат и поддржуваат одлуките на ВМРО-ДПМНЕ се кренаа против истрагата „Труст“. Тие велат дека оваа истрага не е поради тендерот во кој е вмешана фирмата на Кочан, Трансмет, туку обид за затварање на телевизијата.

– Ова е директен атак врз нашиот медиум, обид да не замолчат обид за промена на политиката на телевизијата која ни носи гледаност и рејтинг, ова е директно гушење на слободата на медиумите во Македонија, очигледно стана грев да се биде патриот и да се известува од протести за националните интереси. Со предметот Труст сакаат да се замолчи ТВ Нова, изјави Билјана Трендафилова, главен и одговорен уредник на ТВ Нова.

-Ќе истраеме до крај нема да не заплашат овие притисоци ниту какви било нови обвинувања. ТВ нова ќе остане прв информативен медиум, тоа го докажуваат нашите рејтинзи кои ги добиваме секојдневно, вели Трендафилова.

Со ваквите изјави, провладините медиуми и поддржувачи на ДПМНЕ се обидуваат да го пренасочат вниманието на јавноста од вистинската причина за која е издадена мерката притвор врз Кочан и да ја пренесат како атак врз медиумот.

Апелација одлучува дали ќе го укине или потврди притворот за Сеад Кочан кој е во бегство и за кого има потерница. Иако адвокатот на Кочан тврди дека тој бил на службен пат сепак тој ниту се јавил ниту пак полицијата и судот знаат каде се наоѓа.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Убиена 46-годишна жена во Кочани, пред својата куќа – убиецот и нанел 40 убоди со нож

Анита Петровска Рајковиќ

Антикорупциска: Како знае ОЈО дека Иницијативата е беспредметна кога уште не е доставена

Катерина Ѓуровски

Обвинителството и се налути на Антикорупциска заради „Труст“: Иницијативата е беспредметна и непотребна

Катерина Ѓуровски

Ајро и Бубевски: Сите наводи во кривичната пријава од Државното правобранителство за предметот „Труст“ ги отфрламе како невистинити

А1он

Врховен му ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за „Труст“

Кристијан Ландов

Кочан e во болница, бара ново одлагање на казната

Васко Маглешов