Колевски: Ветингот не смее да ја наруши самостојноста на јавното обвинителство

Од:

Претседателот на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски во однос на ветингот смета дека не е проблем само малиот број на обвинители, туку и тоа што на јавното обвинителство му е загарантирана самостојноста согласно Уставот и треба да се внимава тоа да не биде прекршено.

– Јавното обвинителство е самостоен државен орган и како таков тој има определена самостојност, други органи и институции не смеат да се мешаат во неговата работа. Имаме и законски акти во кои се операционализира оваа самостојност, рече денеска Колевски одговарајќи на прашање пред почетокот на на дијалогот за политики „Имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година“.

Тој смета дека Советот на јавни обвинители би требало да учествува во процесот на ветинг и тоа да се спроведе со внатрешни сили.

– Најпосле тука е Владата која го именува јавниот обвинител и надзор врз работењето на јавните обвинители секогаш врши повисокото јавно обвинителство односно јавниот обвинител така да во секој момент тој може да нареди да се изврши вонредна контрола врз работењето на јавните обвинители покрај редовната контрола што се врши два пати годишно, смета Колевски.

Додава дека во процесот на ветинг може да се вклучат и меѓународни структури, но само како советници, затоа што целата операција околу стручното работење на јавните обвинители го врши самото јавно обвинителство.

Колевски смета дека домашните институциите треба секојдневно да вршат проверки ако има сомневање за извршена корупција и веднаш да стапат во дејство, а не да се чека посебна акција.

– Тоа е нивна работа и овластување согласно Уставот и законите, доколку тие затаат тогаш грешката е во нивна страна, односно тука се работи за нивно неработење во откривањето на криминалитетот, смета Колевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Обвинителството задоволно од пресудата во случајот со грабнувањето на Костадиновски

Орце Костов

Обвинителство: Институциите да се воздржат од споделување информации, убиецот на докторот од Железара не е откриен

Орце Костов

Притворените за убиството на лекарот ќе бидат пуштени – нема докази дека се извршители на делото

Анита Петровска Рајковиќ