Колариќ: Досегашниот мандат на Шилегов, е мандат на изневерени очекувања, без проекти и работа

Од:

„Денес градоначалникот Петре Шилегов на седницата за советнички прашања треба да одговори на неколку крупни прашања кои ги интересираат скопјани:

• Зошто и понатаму Скопје останува најзагадениот град во Светот. Велеа дека имаат стратегија, а во реалноста ниту стратегија има, ниту пак мерки од кој полза ќе имаат граѓаните.
• Зошто наместо пари за нови клупи, рекреативни содржини, поважно за градоначалникот е мерење и спроведување на рејтинг анализи од речиси еден милион денари. Дали овие анализи ќе ги прави компанија блиска до СДСМ?
• Поминаа 100 дена, но до каде е изградбата на Универзалната сала, нема ништо од овој толку ветуван проект. Постојниот проект и изградба е закочен.
• Нема ништо ниту од проектот овошје за секое дете во училиштата
• Нема ниту еден проект за решавање на сообраќајниот хаос во градот Скопје.
• Предвидува дислоцирање на Галиите, зафат во износ од 5 милиони евра, пари што наместо за рушење треба да се насочат за изградба на училишта, улици, паркови.
• Гасификацијата на Скопје е закочена.
• Зошто наместо проекти, главна цел се како да се вдомат партиските кадри. За 100 дена Шилегов ги партизира јавните претпријатија и културните институции со 138 партиски војници во управни и надзорни одбори вклучувајќи го и целиот негов кабинет. Колку месечно пари се одлеваат за оваа намена.

Сето ова и многу повеќе Петре Шилегов го прави еден од најнеуспешните градоначалници на градот Скопје. Неговиот досегашен мандат, е мандат на изневерени очекувања, и без проекти и работа“, рече Светлана Колариќ, советник во Советот на Град Скопје, од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ