Кој се обидува да манипулира преку медиумите?

Од:

Зошто медиумите известуваат сосема различно за тоа дали треба или не треба да се верифицираат мандатите на опозициските пратеници, кој суд е надлежен да одлучува за ова и тоа во зависност од нивната политичка ориентација без притоа да се погледне што велат законите и кои се надлежностите на судовите?

Пишува: Доц д-р Светлана Вељановска, доктор по меѓународно право

 

Дебатата преку медиумите насочена кон тоа дали треба или не треба да бидат верификувани мандатите на опозициските пратеници сѐ уште трае. При тоа не може а да не се забележи дека медиумите кои важат како поддржувачи на владеачките структури во државата опстојуваат на тоа дека сосема легитимна е одлуката на верификационата комисија на Собранието на Република Македонија со која овие пратеници се дел од законодавната власт и имаат право и обврска да влезат во законодавниот дом.

Наспроти нив се оние кои се опозициски ориентирани и кај нив ќе прочитате:

Дали правото навистина е толку компликувано за да има простор за вака спротивставени тврдења и секоја од страните да мисли дека е во право? И, зошто медиумите не успеваат да ги појаснат работите за своите читатели, слушатели, гледачи, туку уште повеќе ја компликуваат работата и оставаат простор за недоумица?

 

Каде може да се обратат медиумите?

 

Секоја сериозна редакција, без разлика за која област информира, треба да има правен советник. Тоа значи дека ова лице мора да знае дека законите се донесуваат за да се почитуваат сѐ додека се во сила. И по потреба да ги корегира новинарите во редакциите кога ќе направат грешка од аспект на правото и неговата примена во известувањето.

Законот претставува пишан извор на правото кој има највисока правна сила после Уставот на една држава. Него го донесува законодавниот орган во државата по посебна законодавна постапка. Вообичаено, законот се донесува со цел да регулира конкретна материја од материјално-правен аспект и нормите кои се регулираат со законите се задолжителни за сите граѓани на една држава.

Ова е дефиниција која секој правник треба да ја научи на почетокот на своите студии и да ја применува во текот на целиот свој работен век во оваа струка. Зошто го истакнувам ова? Прашањата кои си ги поставуваат читателите, слушателите, гледачите и посетителите на страните на медиумот, од кој најчесто се информираат, се следниве:

  1. Како е можно за иста работа да се цитира ист Закон, а толкувањата да се различни?
  2. Ако Уставот е највисок законодавен акт во една држава зошто не праша (или зошто самиот не се јави) уставотворецот да даде свој став за ова прашање?
  3. На кого му е во интерес да го попречува функционирањето на институциите на државата?
  4. Дали законите се прават да го олеснат или да го усложнат функционирањето на институциите во државата?

Вака поставените прашања не треба да се проблематизираат и на прв поглед одговорот на нив би бил многу едноставен: Уставот и Законите се еднакви за сите и нивната примена е неспорна. Меѓутоа по се изгледа дека не е така.

Во текстот Тужба до Управен за мандатите и докази дека власта лаже може да се прочита дека:

Собранието на РМ грубо го повреди уставното право на избор на кандидатите за пратеници од опозицијата. Собранието на РМ грубо го прекрши изборниот законик, игнорирајќи ја јасно изразената волја на кандидатите на опозицијата, преку изјави заверени на нотар, дека мандатите не ги прифаќаат, вели портпаролот на СДСМ.“

Наспроти овој став, во Утрински весник во текстот под наслов СДСМ сега се подели и околу тужбата до Управниот суд стои дека:

Извори од партијата велат дека размислувањата околу таа идеја се поделени. Дел од социјалдемокартите, наводно, сметале дека тоа би бил крајно нерационален потег во ситуација кога партијата од една страна отворено кажува дека институциите во државата практично не постојат, а од друга се обидува токму преку нив да го реши пратеничкиот проблем кој влезе во правен јазол.“

Канал 5, повикувајќи се на експертски тврдења го застапува ставот дека Управниот суд не е местото каде треба да се бара правдата туку најдобро е да се побара да се изјасни Уставниот суд на РМ. Сличен е ставот и на Алф ТВ каде, исто така, посочуваат на адресата на Уставниот суд за решавање на ова прашање.Во анализа на 24Вестипоранешниот претседател на ДИК тврди дека станува збор за политичка, а не за правна дилема, бидејќи мандатите се верификувани во согласност со позитивната законска регулатива за изборите и Уставот на РМ.

 

Зошто е толку тешко да се биде објективен?

 

Дилемите каде се надлежностите, дали во Уставниот суд или во Управниот многу лесно може да се решат. Уставниот суд, покрај другите надлежности, има можност за контрола на уставноста и законитоста, како и за заштита на слободите и правата на човекот и граѓанинотВо некоја од нив може да се побара решение на оваа состојба во законодавниот дом. Наспроти тоа Управниот суд, меѓу другото, одлучува за:законитоста на поединечните акти донесени во изборната постапка и на поединечните акти за избори, именувања и разрешувања на носители на јавни функции, ако тоа е определено со закон, како и за актите за именување, назначување и разрешување на раководни државни службеници, ако поинаку не е определено со закон. Тоа значи дека овој вториот може да се изјасни ако имало нерегуларности во изборниот процес, што било практика во минатите изборни процеси, но не и во последниот случај.

Ова се информации јавно достапни на интернет страните на двата суда и зачудува податокот дека ниту еден од медиумите не се обидел да ги проанализира, па на соговорниците да им овозможи да одговорат на конкретни прашања во поглед на конкретни надлежности и тоа да го пренесе на своите читатели,слушатели, гледачи…

Неспорно е дека припадниците на политичките субјекти сакаат да ги бранат своите ставови, но уште понеспорно е дека медиумите не треба да бидат на ничија страна. Објективноста е она поради што ќе придобијат или ќе изгубат од своите гледачи, читатели, слушатели или посетители. Заземањето страна не им носи поени, не само кај оние кои не им се наклонети, туку и кај поддржувачите.

„Кога ќе прочитам некој став или мислење знам дека тоа е став на потписникот на текстот, кој може, но, не мора да биде ист или сличен со мојот. Но, кога ќе читам новинарски извештај или информација, сакам да ми биде доловена вистината. Јас потоа ќе го градам мојот став, но само врз реално пренесени факти.“ Оваа парафразирана мисла на некој начин ја илустрира улогата на медиумите во пренесувањето на информациите, но и толкувањето на суштината на важни прашања како што е почитувањето на изборот на гласачите во една држава и добиениот мандат да се презентира нивниот став. Членовите 62,63 и 65 од Уставот на РМ ги регулираат начинот на избор, верификување и престанок на мандатот на пратениците. Ова е само една од појдовните точки од каде што може да почнат медиумите во информирањето на своите читатели. Ако појдовната точка е Законот или Уставот нема да има проблем со информирањето на целната група на медиумот. Читателот, слушателот, гледачот ја заслужуваат вистинската информација без во неа да се провлекува политиканството. Посебно не во вакви случаи кога се загрозува примената на правото и правните норми во една држава.

 


Оваа анализа е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана одМетаморфозис. Анализата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на анализата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска