Кој ќе оди во затвор, зошто договорот е таен, прашува ВМРО – Во амбасадите предете како мачиња, а сега блокирате, одговори премиерот

Од:

Дали до 6 мај државата ќе плати пенали од 53 милиони евра, зошто договорот со Бехтел и Енка се крие кога во него нема клаузули за тајност? Кој ќе преземе одговорност за спорните елементи и кој ќе оди во затвор за криминал и корупција- опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара одговори од власта на пратенички прашања во Собранието.

За нив е спорно што поголемиот дел од колачот ќе го земат компаниите од странство, додека ќе се експлоатираат наши работници со 60 работни часа неделно.

Бојан Стојановски праша околу обесштетувањето на нелегалните градби кои се наоѓаат на трасата на коридорот, како и за одредбата да се почнат работите без да завршат правните процедури при експропријацијата, што е противуставна . Му се обрати и на вицепремиерот Артан Груби кој е и координатор за овој договор и му рече дека за овој договор прв ќе оди во затвор.

„Еве го Артан, затоа што многу се буни нека излезе и нека одговори, кој и зошто предложил законско решение, да поднесе закон кој што е спротивeн на одлука на Уставен суд и притоа свесно се согласил да плати големи казни, тоа е прашањето. А за сите други прашања, ќе ти кажам една работа, ти ќе бидеш првиот што ќе оди во затвор кога заштитените бели мечки  од твојата криминална клика ќе треба да бидат повикани на одговорност“, вели Бојан Стојановски.

Во одбрана на договорот за изградба на автопатите премиерот Ковачевски вели ништо не се криело и за секој потрошен денар вети дека владата ќе биде транспарентна.

„Договорот со „Бехтел и Енка“, како и секој договор подразбира приватност и доверливост. Тоа го има секој договор потпишан меѓу која било влада со која било меѓународна голема мултинационална компанија, во кои одредени делови мора да бидат доверливи“, рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната собраниска седница

Премиерот додаде дека Премиерот потенцира дека ова не прв ваков договор кај нас и додаде оти мора да се почитуваат деловните тајни на компаниите, но тоа во никој случај не значи дека Владата крие нешто што е од интерес на јавноста и нешто што би имало некакви негативни ефекти врз граѓаните.

„Клучните елементи од договорот кои се од интерес за јавноста никогаш не биле тајна, како што е вредноста на договорот, начинот на реализација на договорот, како ќе се трошат парите на граѓаните“, рече Ковачевски.

Според премиерот, на крајот ќе има проект кој ќе биде реализиран, а динамиката на проектот ќе зависи од блокадата која, како што рече, во Собранието ја прави „вашиот шеф“ Димитар Апасиев, а вие ја поддржувате.

„ Во амбасадите одите како мачиња, предете, велите ние се поддржуваме, ама Левица ги поднесе амандманите“, рече Ковачевски, повикувајќи ги пратениците од опозицијата еднаш да застанат зад стратешките интереси на државата

За деталите од договорот со Бехтел и Енка пратениците од опозицијата очекуваат да дознаат повеќе на затворена седница која се уште не се знае кога ќе се одржи. Џафери појасни дека документот нема да им биде поединечно доставен на пратениците со безбедносен сертификат, туку само ќе им биде презентиран и ќе можат да расправаат за сомнежите кои ги имаат во самиот договор.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Ги напаѓа ли Филипче САД преку Сашо Орданоски, и менува ли курс по паметот на Левица

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се против реформи во правосудството затоа што ќе нема место за оние на нивен телефонски повик како Кацарска, Трпков, Коцевски и Рускоска

И владејачкото мнозинство поднесе барање за надзорна расправа за аерозагадувањето, Гаши треба да одлучи кое матично тело е надлежно за нејзино организирање

Петрушевски: Се гледа крајот на Трпков и Кацарска судството помогнати од партиските слуги како Коцевски и Русковска

Катерина Ѓуровски

Законот за бранители не пројде на дневен ред во Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања

Ако Рускоска обвинителството и Кацарска и Трпков судството беа поим за политизрана правда, тогаш Коцевски е нивниот сиамски близнак, вели ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски