Кој ќе ја бие битката на СДСМ за Куманово?

Од:

Многу аспиранти и комбинации. Кој ќе биде биде кандидатот на СДСМ во досегашниот бастион Куманово?

Според анкетите кои се правеа пред парламентарните избори, највисок рејтинг имаше тогашниот претседавач на Совет и актуелен пратеник Максим Димитриевски.

Се очекува ново сондирање на мислењето на кумановци кому би ја дале довербата. Димитриевски е номиниран за кандидат во СДСМ и не ги крие амбициите тој да го трча изборниот круг за својата партија, бидејќи вели, има концепт и идеи за Куманово, но има и висок рејтинг меѓу граѓаните.

Како кандидат се јавува и актуелниот претседателот на Советот Александар Арсиќ. Номиниран е и Љубиша Николиќ и Зоран Дамјановски-Циц, кој функцијата ја извршува во три мандати.

Мартин Костовски, исто така кандидат, е актуелен претседател на ОО СДСМ Куманово и директор на Службен весник. Меѓу нив е и Сашо Петрушевски, актуелен директор на ЈП „Чистота и Зеленило“ Куманово и претседател на Општински Сојуз на Спортови во град Куманово.

Сите непознаници ќе бидат расчистени до почетокот на септември, аоследниот збор ќе го има партискиот врв. Според лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев, кандидати на партијата ќе бидат оние кои најдобро поминуваат и се со најголем углед кај граѓаните.

Изборот на СДСМ ќе треба да се соочи на 15 октомври со Зоран Георгиевски, поранешен и актуелен пратеник, кој на претходните избори загуби од Зоран Дамјановски.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема