Кој ќе ги оперира децата во „Жан Митрев“ по отказот на Чадиковски?

Од:

Евиденцијата која ја има Лекарската комора покажува дека во земјава има само еден доктор со лиценца за работа за детска кардиохирургија, алудирајќи на Владимир Чадиковски, кој вчера даде отказ од болницата „Жан Митрев“.

Со ова, во прашање се доведуваат идните операции на бебиња под една година кои треба да се вршат во „Жан Митрев“, со која Министерството за здравство има склучено јавно-приватно партнерство. И од Министерството и од „Жан Митрев“ изјавуваат дека операциите и понатаму ќе се вршат на товар на Фондот во оваа болница, но нема објаснување кој ќе ги врши истите.

„Според нашата евиденција во земјата има само еден доктор со лиценца за работа за детска кардиохирургија. Д-р Жан Митрев поседува лиценца за работа по кардиоваскуларна хирургија“, велат од Лекарската комора.

На прашањето дали Митрев има право да се занимава со детска кардиохирургија, оттаму упатуваат одговорот да се бара од Министерството за здравство.

Евиденцијата на комората покажува и дека лиценците за работа им се истечени на сите странски доктори кои доаѓаа во земјава за да помагаат или да ги вршат интервенциите.

Со отказот на Чадиковски, кој беше носител на дејност во болницата „Жан Митрев“ за детска кардиохирургија, оваа установа фактички останува без носител на дејност, што под знак прашалник ги става идните интервенции, особено на бебињата под една година.

Во денешното соопштение од „Жан Митрев“ изјавија дека „пред само неколку денови успешно била изведена една од најтешките и најкомплексните операции на срце кај новородени, а се прават планови за оперативен третман за уште 20-тина деца во наредните неколку недели“.

Вчера на веб-страницата на „Жан Митрев“ беше објавено дека новороденче како итен случај завршило на операција во оваа болница, а операцијата ја правел доктор Жан Митрев со објаснување дека операцијата е направена со старо- новиот тим од државна клиника како еден тим. Истиот ден, Чадиковски, кој го користи годишниот одмор, даде отказ, а од д-р Митрев денеска не добивме одговор како била извршена интервенцијата без присуство на единствениот детски кардиохирург.

Со ваквиот развој на настаните, за детската кардиохирургија која е под капа на државата во „Жан Митрев“ треба да се најде нов носител на дејност, а во земјава има само еден лиценциран детски кардиохирург. Дури и во случај да се постави странец, како што брифираат нашите извори, тој ќе мора прво да добие македонско државјанство за да може да биде впишан во регистарот на здравствени работници.

Чадиковски работеше на Универзитетската клиника за детска хирургија 20-тина години, а во февруари заедно со тим од десетина педијатри, сестри и анестезиолози направија трансфер во „Жан Митрев“ за изведување на операции на срце кај бебиња и деца во современи услови, откако државата и таа здравствена установа се договорија операциите да ги покрива Фондот за здравствено осигурување. Причините за отказите засега се непознати – се знае единствено дека станува збор за неисполнување на условите што биле предвидени во договорот и за различни концепти на работа.

Би можело да ве интересира

Немам добиено никаков документ, вели Мицкоски за предлогот на Филипче:

Горан Наумовски

Преговорите со ЕУ не може да се блокирани кога не се ниту почнати благодарение на СДСМ и на ДУИ, реагира Муцунски

Катерина Ѓуровски

Филипче: Очигледно е дека се конзистентни во тоа да нема преговори со ЕУ, а ние тоа нема да го дозволиме

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Филипче од една страна зборува за уставни измени, од друга за откажување од преговорите ако има ново вето

Филипче: Потребен е државнички пристап за евроинтеграциите, Мицкоски одбива секаков предлог

Филипче од Струмица: ВМРО-ДПМНЕ ја турка државата во мрак, да се исправиме и да ја изградиме силата што ќе ја запре неправдата

А1он