Кој игра „Лудо“ од профилот на градоначалникот на Виница додека тој е на состаноци?

Од:

Градоначалникот на општина Виница, Ивица Димитров, во работно време игра онлајн игри на „Фејсбук“, а дека е активен социјалната мрежа јавува на неговите пријатели. Тој денес околу пладне на пријатели на „Фејсбук“ им испратил и покана да му се придружат во играње „Лудо“, еден вид „Не лути се човече“. Дел од неговите пријатели, иритирани што градоначалникот може да си дозволи во работно време онлајн игри, ни испратија принт-скринови од поканите.

Градоначалникот денес околу пладне на пријатели на „Фејсбук“ им испратил покана да му се придружат во играње „Лудо“

Градоначалникот Димитров, пак, вели дека никому не испратил покани, ниту, пак, ја играл играта.

„Не сум играл игри денес. Цел ден сум на состаноци. Во 14 часот излегов да појадувам. Мојот ‘Фејсбук’ го користат и моите дома, сопругата и децата. И нив ги прашав, велат дека не ја играле играта. Навистина не знам како некому се појавила покана од мене“, вели градоначалникот Димитров за „А1он“.

Тој објасни дека на компјутерот на работа нема инсталирано „Фејсбук“ затоа што не е дозволено ниту тој, ниту вработените да користат „Фејсбук“ додека се на работа. Исклучок од правилото било само одделението за односи со јавност кои биле задолжени да ги пренесуваат активностите на Општината на социјалните мрежи.

И градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов играше игра за време на расправата за загадениот воздух лани во ноември во Собранието

Игра на мобилен играше и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. За време на расправата за загадениот воздух лани во ноември во Собранието тој на мобилниот телефон играше „Хеликс џамп“. Откако јавноста го осуди, тој се извини, рече дека играњето игри е гаф, но со тоа сакал да покаже несогласување со лицемерните и лажни политички пароли на пратеникот  Влатко Ѓорчев, кој говореше додека градоначалникот си играше.

Би можело да ве интересира

Се уште не е идентификуван напаѓачот врз градоначалникот на Арачиново, трет напад врз него за година и пол

Орце Костов

МВР со детали за пукањето во Арачиново: Градоначалникот не е повреден

Орце Костов

Пукање во Арачиново – повредени член на обезбедувањето и возачот на градоначалникот

Анита Петровска Рајковиќ

Градоначалникот на Гевгелија префрлил 36.000 евра на ракометен клуб основан од татко му, обвинија од СДСМ

Орце Костов

Владата препорача продавниците, штандовите и киосците да работат за време на новогодишните и божиќните празници

МОН му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот на Чашка: Се бара незаконско отворање на албанска паралелка

Орце Костов