Кој и зошто го крие случајот „Маѓар Телеком“?

Од:

Гешковска и Зврлевски не и ги даваат на специјалната обвинителка Катица Јанева предметите „Маѓар телеком“, предметот против Зоран Верушевски за недозволено поседување на оружје и предметот против неговиот син за производство и дистрибуција на детска порнографија, за да утврдат дали имаат надлежност над нив.

На што ја темели одлуката обвинителството, кога во законот за Специјално обвинителство јасно е потенцирана независноста на тимот на Јанева, дека таа одлучува за кој предмет е надлежна и тоа што ќе го побара од државните и судски органи, мора да и го дадат.

Зошто и кој се плаши од случајот „Маѓар Телеком“?

Луѓе кои се инволвирани во проблематиката за А1он велат дека за „пикање“ под тепих на случајот многумина се заинтересирани. Меѓу нив и првиот човек на обвинителството, во чија надлежност бил и предметот, бил отворен и затворен и беше без епилог. Видни функционери и од поранешната власт „брцнале“ од благодетите на „Маѓар Телеком“.

Експерти велат, сега Гешковска и Зврлевски купуваат време со тоа што на изјаснување се повикува Советот на јавни обвинители, бидејќи Советот не е процесен орган и не е учесник во постапката.

Сите прислушувани разговори не се објавени јавно и обвинителството не може да знае дали случајот „Маѓар Телеком“ е поврзан или не со прислушуваните разговори. Само СЈО може да суди, врз основа на материјалите што ги има, дали треба или не да се побара одреден предмет и кој предмет е во нивна надлежност.

Случајот „Маѓар телеком“ со години е заглавен во судските лавиринти. Обвинителството на Марко Зврлевски минатата година отвори предистражна постапка „по допрен глас од јавноста“, откако во САД беше објавено сведочењето на бившиот разузнавач Слободан Богоевски пред судот во Њујорк каде што се води процес против тројцата поранешни менаџери на „Маѓар телеком“, Елек Штрауб, Андраш Балог и Тамаш Марваи.

Аферата во „Маѓар телеком“ за поткуп на политичари во Црна Гора и Македонија, до денеска нема завршница.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Вкупна казна од 24 години за тројцата обвинети за предметот „Маџар Телеком“

Ана Ололовска

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска