Кои се судиите кои притворот во Шутка го заменија со домашен притвор?

Од:

Судиите во Кривичниот совет коj по жалбата на одбраната на првоосомничениот во случајот на СЈО „Тврдина“ одлучи да го преиначи решението за притвор на Горан Грујевски во домашен притвор, се Јани Нича, Ивица Стефановски и Сандра Крстиќ.

Стефановски е судија од процесот “Монструм“, додека Сандра Крстиќ е преместена во Кривичниот суд како замена на судијата Огнен Ставрев кој беше испратен во судот за прекршоци.

Според податоци од судот, одлуката се носела цели четири часа. Дел од судиите од Кривичниот суд не се согласуваат со ваквата одлука ниту со одлуките поврзани со Специјалното јавно обвинителство, а кои се носат во последниот период. Според нив, ваквите одлуки треба да имаат име и презиме, а не да се кријат со колективна одговорност и преку соопштенија дека одлучил судот или кривичниот совет.

-Со оглед дека одлуките се носат во име на граѓаните, а со истите одлуки не се согласуваме сите, тие во секое време треба да знаат кој судија какви одлуки носи, реагираат дел од судиите.

Специјалното јавно обвинителство најави жалба на ваквата одлука до повисоката судска инстанца, а дотогаш началникот од УБК, Горан Грујевски останува во притворот во Шутка.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов