Кои колеги на Јово Вангеловски може да му „пресудат“ за разрешувањето?

Од:

Од 18 врховни судии во највисокиот суд, пет треба да бидат избрани во деветчлената комисија која треба да одлучува за жалбата на разрешениот претседател на судот, Јово Вангеловски.

„А1он“ анализираше за кои судии од Врховниот суд има правна пречка и судир на интерес да бидат во комисијата која ќе одлучува за жалбата на Вангеловски.

Членови на комисијата ќе може да се избираат само од 11 судии, а седум колеги на Вангеловски треба да бидат изземени.

Во составот на комисијата за Вангеловски нема да влезат судиите од советот кои донесоа одлука за притворот на Кочан, поради која што е разрешен првиот човек на Врховен: Рахилка Стојковска, Џемали Саити, Фаик Арслани и Ристо Катавеновски. За Катавеновски се води и постапка за истиот предмет во Судскиот совет, а Рахилка Стојковска е исто така разрешена од функцијата. За неа, треба да биде формирана посебна комисија.

Во комисијата за разрешувањето на Вангеловски треба да се изземе и судијката Јелица Крстевска, бидејќи таа беше членка на Судскиот совет додека отпочна постапката за утврдување нестручно и несовесно вршење на функцијата за Јово Вангеловски.

Иззмени од гласање треба да бидат и судијките Лидија Неделкова, бидејќи со Вангеловски се пријавија меѓу себе во Судскиот совет поради нестручно и несовесно вршење на функцијата, како и Марија Матеска, која Вангеловски исто така ја пријави во Судскиот совет.

Неизвесно е дали во таа комбинација ќе влезе и Цветанка Периќ која завчера Судскиот совет ја избра за врховен судија.

Во комбинација за состав на комисијата остануваат судиите: Васил Грчев, Николчо Николовски, Мирјана Радевска Стефкова, Беса Адеми, Емилија Илиевска, Снежана Ѓорѓиевска Зекирија, Исамедин Лимани, Шпенд Деваја, Снежана Бајлозова, Стојанче Рибарев и Африм Фидани.

Ако се земе предвид досегашната пракса,тешко е Вангеловски да биде разрешен пред декември со оглед на сложената процедура и роковите.

Новиот ВД претседател на највисокиот суд, Фаик Арслани, рече дека на сите прашања на „А1он“ ќе одговори штом заврши формално процедурата за примопредавањето на функцијата.

Би можело да ве интересира

Како уште се толерираат вакви судии: Четиригодишно дете наместо на мајката, со пресуда го дадоа на таткото семеен насилник

Предраг Петровиќ

Собранието ги разреши, но одлуката е на членовите на Судскиот совет дали ќе заминат

Доколку членовите на Судски совет не постапат соодветно, можно е да им се случи народ, порача Мицкоски

Пренџов: Членот на Судски совет, Чачарова-Илиевска освен што била правна советничка на Заев, била и донатор на СДС во повеќе наврати

Собранието изгласа недоверба на членовите на Судски совет Црвенковска и Адеми, а претходно и на Дамева

Милошоски: Демократски зрело е членовите на Судски совет да си поднесат оставки после изгласана недоверба

Предраг Петровиќ