Кога всушност е Курбан Бајрам?

Од:

Муслиманите на Балканот и во Европа оваа година ќе го започнат тридневното празнување на Курбан Бајрам во различни времиња – 25 и 26 октомври, поради конфликтни толкувања на Турција и Саудиска Арабија.

Првиот ден на Курбан Бајрам, кај нас во Македонија ќе биде на 25 октомври, четврток и е неработен ден за верниците од исламската вероисповед, додека во повеќето земји од арапскиот свет празникот ќе го пречекаат во петок.

Според Календарот на Исламската заедница и во Босна и Херцеговина, во четврток треба да биде Курбан Бајрам.

Професорот Мустафа Сушиќ, во интервјуто за “Дневни аваз” тврди дека пресметките се такви и нема потреба да се држиме до арапскиот свет.

Аџиите на Арафат ќе бида в четврток, 25 октомври, што значи Бајрам е наредниот ден, петок, 26 октомври, според Саудиска Арабија, кадешто е и центарот на исламот.

„Не постои религиозна причина за нас да се прилагодуваме на нив. Тоа е чиста политика. Ние сите знаеме дека беше одлучено Турците и муслиманите од евроазиски држави да имаат посебен календар. Според тој календар, првиот ден од Бајрам е во четвртокот, 25 октомври. Одлуката е донесена пред четири години, а ние треба да ја почитуваме“, објасни Сушиќ.

„Муслиманите од светот не одат на аџилак, во Сараево, Белград, Скопје, Приштина, Анкара, Истанбул, Њујорк! Мека е местото каде што е срцето на исламот, таму се вршат обредите и таму е местот кое треба да го земеме примерот и кога е во Мека Бајрам треба да е и кај сите нас”, рече српскиот муфтија Јусуфспахиќ.

Реисот на исламската заедница на БиХ Мустафа Цериќ е лут  заради несогласувањата на Турција и Саудиска Арабија и испрати писма до муфтиите на Саудиска Арабија и Турција, Абдулазиз ал Шејху и  Мехмед Гормез во кое вели дека несогласувањата околу денот на Арафат и Курбан Бајрам донесуваат немири и голема душевна болка кај муслиманите ширум светот.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска