Коѕијас: Северна Македонија, добредојде во нашиот живот

Од:

Поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас по изгласаните уставни измени разговарал со македонскиот премиер и шефот на македонската дипломатија, а преку неговиот официјален Твитер профил ѝ порача добредојде на Северна Македонија.

– Зборував со Зоран и со Никола. Се потсетивме на тешкотиите, на заморот, на тензиите, на довербата и надежите што ги поминавме работејќи на договорот. Сонувавме заедничката иднина за двата народа. Северна Македонија , добредојде во нашиот живот. Историјата треба да биде училиште, а не затвор, напиша на Твитер, поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.

Би можело да ве интересира

Македонската туристичката комора бара од Атина одложување на примената на ЕЕС-системот за Македонците во летната сезона

„Катимерини“: Грција има резерви на гориво за два месеци

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Гаши: Уставот не треба да се отвора ад-хок, ова е сензитивно прашање

Катерина Ѓуровски

Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот

Грците забрзано се вооружуваат

Горан Наумовски