Коциќ: СДСМ вложува во човечкиот капитал, вработувања на 1.117 лица во здравствените установи

Од:

Со одлука на владата предводена од СДСМ одобрено е вработување на вкупно 1.117 лица во јавните здравствени установи во земјата, на неопределено време.Ова се важни работни места, на приоритетен здравствен кадар за целиот здравствен систем и за подобрување на состојбите во македонското здравство вели пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ.

– Сите оние млади доктори кои што работат во моментов под договор ќе можат да го продолжат свое работење во јавните здравствени установи и да го надополнат својот, меѓутоа и здравствениот капацитет на државата. Овие одлуки се континуитет на одлуките во здравството, а со кои се подобруваат условите за здравствените работници, бидејќи задоволни здравствени работници значи и задоволни пациенти.Вложивме во достоинството на лекарите и медицинскиот персонал.Основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40 проценти, на медицинските сестри помеѓу до 23 проценти, на општите лекари за 25 проценти, на здравствени соработници за 15 проценти, рече Коциќ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ