Кочани го гаснеше пожарот и со 30 години старо противпожарно возило, тоа за градоначалникот не е проблем

Од:

Авионите за гаснење пожари стојат несервисирани, а пожарникарите на терен излегуваат со возила стари и по три децении. Ваква е состојбата во територијалните противпожарни единици и во текот на летната сезона кога постојано избувнуваат пожари низ целата држава. Во Кочани, каде вчера беснееше пожар кој зафати и куќи, има осум возила. Градоначалникот Николчо Илијев го пофали возниот парк на територијалната противпожарна бригада. Тој вели дека возилата се стари, но одржувани и функционални. Прашан зошто ако е така, вчера се дозволи пожарот да се спушти до куќите, градоначалникот го гледа непристапниот терен и ветерот како проблем. Во градот има 17 пожарникари, а според Законот за територијална поделба од 2004 година и припојувањето на Општина Оризари, во општина Кочани живеат 38.092 жители.

„Имаме шест возила за на терен и едно за урбани средини и едно за на височини од преку 30 метри. Возилата се во одлична кондиција. Тие се стари, но многу малку употребувани. Имаме возило старо 20 години, меѓутоа има поминато 10 илјади километри. Станува збор за возила кои се стари, но одржувани и во одлична кондиција. Тука не станува збор за проблем со возиниот парк кој го имаме. Ние сите се радуваме да имаме и повеќе, но во овој момент, тоа не беше пресудно. Проблемот беше во високите температури, сувата трева и најмногу допринесе силниот ветер кој дуваше од неконтролиран правец. Тој го сееше на сите страни, а теренот беше непристапен. Нема нешто што не сме набавиле во овие 3-4 години. Сега имаме во буџет средства за уште еден џип, бидејќи такви ни се потребни поради конфигурацијата на терен, помали возила со помалку вода. Бидејќи овие не можеме да ги качиме таму каде што е пожарот“

Во Македонија од 220 возила за гаснење пожари, 154 се со просечна старост од 27 години покажа и истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Такво возило поседува и Кочани.

„Имаме и понови возила стари по 4-5 години, имаме и по 10 години, имаме и постари. Еден од ФАП-овите можеби да има и 30 години, сега не можам да кажам точно бидејќи не можам на секое возило да ги паметам години. Ние се стремиме за повеќе. Приоритет беше да ги наградиме пожарникарите согласно потребите. Секако, ние треба да размислуваме да ги подмладуваме овие екипи и да ги праќаме на школо. Секој не може да биде пожарникар, тоа е професија која не може секој да ја обавува, таму нема импровизација и игра“, додава Илијев.

Од ланската година, Македонија не ги користи и авионите за гаснење пожари, бидејќи не се сервисирани. Нив на располагање ги има дирекцијата за заштита и спасување, а директорот Беким Максути прашан дали е предоцна сега да се преговара со сервисерот, вели дека процедурите се тие, а предоцна – не е.

„Тие не летаат од ланската година. Не се сервисирани ни лани, ни годинава. Имавме два обиди, кои беа неуспешни поради жалби од операторите. Не мислам дека преговарањето е предоцна, процедурите се тие. Надвор од нив има прекршување. Има работи кои што не се убаво прецизирани во Законот за јавни набавки. Затоа апелирам во иднина да избегнуваме вакви работи, овие работи да влегуваат во стратешки приоритети каде што процедурите би биле пократки, односно од старт би се одело со преговарање за да нема условување. Посебно оваа година и лани, ние на некој начин сме уценувани од еден оператор кој што со години наназад, скоро секоја година ни ги покачува цените на услугата за 30-40 отсто. Три ‘ер трактори’ се. Да бидеме сериозни, за нас ова е голема инвестиција, проблематична уште од стартот кога се набавени. Требало еден од нив да биде двосед за да можеме барем обуката на пилотите, за да не се плаќаат дополнителни средства, скоро колку што плаќаме за сервисирање. Но тоа е тоа, авионите се тука. Купени се во 2010 година. Тие се користеле до сега, не можеме да кажеме дека не се корисни, но од друга страна треба да знаеме дека не секој пожар треба да се гасне со воздухоплов“, додава Максути за „А1он“.

Би можело да ве интересира

Исечена гумената брана за наводнување на оризовите површини во кочанското

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Момче од Кочани било измамено за 950 евра

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он