Кочанчани од денеска пијат поскапа вода

Од:

Паралелно со воведување наплата на паркинг простор, од денеска кочанчани ќе пијат поскапа вода а истовремено ќе плаќаат и за 150 проценти повисока цена за одводнување на одпадната вода.

Водата за пиење поскапе за 11 проценти односно за 4 денари по метар кубен за граѓаните и сега ќе изнесува 35 денари за метар кубен, додека претпријатијата ќе плаќаат за 4,5 денари повеќе.

За канализација кочанчани наместо 6 денари по метар 3 одводна одпадна вода како досега, во иднина ќе плаќаат по 15 денари.

– Од денеска ја зголемуваме цената на водата за пиење како и услугата за одпадната вода. Ова е одлука на Управниот одбор на КЈП „Водовод“ како и на Советот на општина Кочани. Новата цена ке овозможи поголем прилив на средства, успешно работење, како и навремено сервисирање на обврските кои произлегуваат од експлоатацијата на водата во општината, изјави Љупчо Папазов, директор на КЈП „Водовод“.

Инаку, со зголемените цени за кочанчани сметките за јули ке бидат повисоки за 40 проценти.

Би можело да ве интересира

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно