Кочанчанец се застрелал во дланката, па полицијата го уапсила

Од:

Ноќеска, околу 3.20 часот во ОВР Кочани е пријавено дека во Хируршко одделение Кочани за укажување на лекарска помош дошол Н.Б.(48) од Кочани, со прострелна рана на дланката, за која изјавил дека е последица од самоповреда.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека на место викано „Наддабо“, во село Бели, кочанско, повредениот додека бил заедно со Д.С., испукал со пиштол.

Заради расчистување на случајот Н.Б. е лишен од слобода, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Предвизвикување општа опасност“ казниво по чл.288 од Кривичен Законик, како и Д.С., поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ казниво по чл.396 од Кривичниот законик.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Семејствата на жртвите од „Пулс“ бараат законската финансиска помош

Во Кочани изгореа една куќа и 15 хектари зимзелена и нискостеблеста шума

29-годишен маж од Кочани е тешко повреден во сообраќајка

ВИДЕО: Во голем пожар во Кочани изгореа автобуси и комбе

Загина мотоциклист на патот Делчево – Штип

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Дали насилството е дел од стратегијата на Филипче, кој му даде „зелено светло“ на Акиов?