Кочан треба да оди во затвор на 17 јули, судот го одби барањето за одложување на затворската казна

Барањето на бизнисменот Сеад Кочан за одложување затворската казна денеска беше одбиено од Кривичниот суд во Скопје. Останува одлуката на 17 јули Кочан да започне со издржување на затворската казна која му е изречена за предметот „Труст“.

„Во однос на предметот од обвинителството означен како „Труст“, ја информираме јавноста дека молбата за одлагање на извршувањето на санкцијата е одбиена како неоснована и истата е доставена до странките во постапката“, соопштија од Кривичниот суд.

Сеад Кочан е правосилно осуден на 4 години и 8 месеци затвор во предметот на СЈО „Труст“ за добивање на незаконски тендер од 2011 година распишан од ЕЛЕМ за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол.

Кривичниот суд првостепено на 20 јули минатата година го осуди Кочан на 6 години казна затвор, но Апелацискиот суд на 11 март годинава ја намали на 4 години и 8 месеци.

Второобвинетиот во „Труст“, Василие Авировиќ син на пратеничката Владанка Авировиќ, доби две години условна казна од Апелација, откако првостепено беше осуден на три години затвор.

Би можело да ве интересира

Со новиот предлог-закон СЈО и ОЈО за организиран криминал ќе се спојат во ново јавно обвинителство

(ВИДЕО) Заев: СЈО се интегрира во Обвинителство за организиран криминал на чело со Русковска

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ласовска: Која здравствена установа издала боледување на Јанева?

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Тортевски: Предметите на СЈО со ништо не се загрозени, криминалот не смее да остане несанкциониран

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Ласовска: Катица Јанева се крие и бега од одговорност

Ана Ололовска

Жбогар: „Рекет“ не влијае на европерспективата, да се најде решение за иднината на СЈО

Ана Ололовска