Кочан ќе се брани од слобода – одбиено е барањето на СЈО

Од:

Кривичниот совет на Основниот суд – Скопје 1, го одбил барањето на СЈО за определување притвор на бизнименот Сеад Кочан, дознава Макфакс. Оваа одлука е конечна.

Обвинителите на СЈО Гаврил Бубевски и Артан Ајро, пред судиите на Кривичниот совет утрово ги повторија барањата за определување притвор, за бизнисменот Сеад Кочан, според кои еден од наодите, поради кои не отстапуваат од барањето Кочан да биде притворен е фактот дека „Трансмет“ сè уште добива тендери од државата и тоа е околност која укажува на фактот дека може да го повтори делото. За определената гаранција и мерките за претпазливост за нив тече рокот за жалба.

Фирмите „Трансмет“, „Силекс неметали СТ“ и „Вато ДООЕЛ“ од Студеничани се осомничени во дека со фалсификувана документација добиле тендер од ЕЛЕМ од над 17милиони евра во 2011 година за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол. Претставници на овие три фирми се сомничат дека со тоа сториле злоупотреба на постапката за јавен повик.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Крстевски: Хаотична е состојбата во Кочани, ни треба помош од Владата и другите општини

Убиена 46-годишна жена во Кочани, пред својата куќа – убиецот и нанел 40 убоди со нож

Анита Петровска Рајковиќ

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски