Коалициските партнери се против оставката на Заев

Од:

Претставници на сите политички партии што го сочинуваат парламентарното мнозинство вчера на средба со премиерот Зоран Заев и изразија поддршка на Владата, потврдувајќи дека парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот и побараа од него да ја преиспита својата одлука за оставка од премиерската функција, како и од местото лидер на СДСМ.

На средбата заеднички е констатирано дека не се потребни предвремени парламентарни избори, бидејќи тие единствено би ја втурнале земјата во политичка, економска, општествена и безбедносна криза, но исто така ќе ги закочат и процесите на европски интеграции.

Коалициските партнери од парламентарното мнозинство беа едногласни дека „на Северна Македонија и е потребна Влада со јасен евроатлантски курс на дејствување, која испорачува резултати во интерес на граѓаните, посебно во време на пандемијата и енергетска криза“.

Во меѓувреме, од Кабинетот на шефот на државата информираа дека претседателот Стево Пендаровски официјално не е информиран за оставката на премиерот Заев.

– Претседателот на Република Северна Македонија, официјално не е информиран од претседателот на Собранието дека претседателот на Владата поднел оставка, што повлекува оставка на цела Влада. Кога ќе биде информиран за евентуално поднесена оставка, претседателот, во рамките на уставниот рок од десет дена по извршени консултации ќе го додели мандатот за состав на Влада на партијата или партиите кои што имаат мнозинство во Собранието. Притоа претседателот како и досега во своите постапки ќе се води согласно установеното толкување на уставната норма во праксата во изминатите 3 децении, информираат од кабинетот на Пендаровски.

И од Собранието информираа дека до нив не е стигната оставка од премиерот Заев и дека на вчерашната координативна средба кај собранискиот претседател Талат Џафери воопшто не станало збор за следните чекори што би следувале по изјавата на премиерот во неделата вечерта дека поднесува оставка на функцијата.

Според член 219 од Деловникот на Собранието, „Владата, претседателот на Владата или член на Владата можат да поднесат оставка. Оставката на Владата или на претседателот на Владата, се поднесува до претседателот на Собранието во писмена форма и може да се образложи… Оставката на Владата или на претседателот на Владата, претседателот на Собранието веднаш ја доставува до пратениците и до претседателот на Републиката“.

Во член 220 понатаму се вели дека „Собранието на првата наредна седница, без претрес, констатира дека на претседателот на Владата, на Владата или на член на Владата, мандатот им престанува на денот на одржувањето на седницата“.

Актуелното парламентарното мнозинство од 62 пратеника го сочинуваат коалицијата предводена од СДСМ, во чиј состав се и Беса, НСДП, ЛДП, ДОМ, Демократскиот сојуз, ВМРО-НП, Партијата на пензионери, Српската странка во Македонија, Партијата за движење на Турците и Демократска партија на Турците, и плус ДУИ и ДПА.

Би можело да ве интересира

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници