Коалицијата Обединети за Македонија и Достоинство, на денешната прес-конференција се оградија од постапките и „згаснувањето“ на политичката партија Обединети за Македонија, затоа што како што рече потпретседателката на ОМ, Јагода Митревска, сите официјални соопштенија на партијата и информации за нивните активности се издаваат од прес – центарот во седиштето на партијата, а не од „елитни кафани“.
Таа потврди дека со одлука на партијата, членовите кои денеска го објавија своето преминување во коалицијата на власт, се сменети од своите функции и не се повеќе дел од ОМ уште минатата година. Само два часа откако официјалните лица од коалицијата ОМ и Достоинство официјалните печати на патријата ги прогласиле за неважечки, се случи тоа што го очекувале.
Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов, соопшти дека како што тргнало, најверојатно во наредните денови некој, по згаснувањето на ВМРО-НП и Обединети за Македонија, ќе се обиде да ја згасне и СДСМ.