Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ги интензивираат активностите

Од:

Делегација на Алијансата за Албанците, предводена од претседателот Зијадин Села, денеска беше во посета во седиштето на Алтернатива, каде ги пречека претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.

„Тема на средбата беше соочувањето со коронавирусот, како и организацијата на предвремените парламентарни избори. Во врска со епидемијата, двајцата претседатели истакнаа дека и покрај фактот дека болеста е ставена под контрола, бројките од последните денови покажуваат дека сè уште сме далеку од крајот на оваа тема.

Покрај загрижувачките вести за здравјето на граѓаните, ова ситуација неизбежно влијае и на изборната агенда.
Двајцата претседатели истакнаа дека здравјето на граѓаните е над секој друг интерес, вклучително и политичкиот. Затоа, тие го повторија ставот дека изборите не смеаат да се одржуваат во вакви услови и дека во ниту еден случај не смее да се загрози јавното здравје.

Како резултат на тоа, осврнувајќи се на сите фактички анализи направени од локални и меѓународни експерти, може да се заклучи дека крајот на јули и почетокот на август може да биде најповолното време кога граѓаните ќе имаат можност да ја изразат својата политичка воља, заклучија тие. Дури ако овие услови не се поправат и на овие датуми, за Коалицијата здравјето останува поважно отколку изборите. Покрај тоа, двајцата претседатели го искажаа својата политичка подготвеност да учествуваат на изборите кога и да бидат одржани, убедени дека по победата над пандемијата, време е и за долгоочекуваната промена на политичката сцена на нашата земја.

На состанокот присуствуваа и Генералните Секретари на партиите, Арбен Таравари и Скендер Реџепи – Зејди, Потпретседателот на Алијансата, Елми Азири, како и Секретарот за Односи со Јавноста на Aлтернатива, Зеќирија Ибрахими“, информираат од партијата.

Би можело да ве интересира

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари или е лошо информиран или е во потполна заблуда

АА: На кого и зошто му пречи директорот Халит Ферати?

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој

Алијансата за Албанците: Хакирани сме од злонамерници

Реагира крилото на Таравари: конгресот на групата незадоволници е незаконски и нестатутарен

Катерина Ѓуровски