ВРЕДИ ќе прави централен митинг на Скендербег, не добиле дозвола за собир на Плоштад Македонија

Од:

За да бидеме максимално транспарентни пред граѓаните, сакаме да ве информираме дека, како што налага процедурата, поднесовме барање до Град Скопје за да го организираме централниот митинг на плоштадот Македонија, за сите да видат што значи извонреден митинг, со слободна волја и без притисок, додека корумпираната власт во бегство да види што значи народна поддршка, што тие одамна ја немаат најавуваат од колаицијата Вреди.

– Од Град Скопје до денес немаме никаков одговор, што значи дека одговорот е негативен, а ваквата одлука ја донеле градоначалничката Данела Арсовска, Блерим Беџети и Левица кои се во коалиција, во паника да ја спречат коалицијата ВЛЕН да го организира централниот митинг, знаејќи ја атмосферата и големата поддршка од граѓаните. Секој одговор што ќе дојде во понеделник ќе биде закаснет и тенденциозен поради краткото време за организирање.Но, ние не остануваме со скрстени раце, заедно со нашите структури и народ, решивме да ја завршиме оваа исклучително позитивна кампања за претседател нигде друго освен овде, на нашиот плоштад, на плоштадот што го носи името на нашиот херој Ѓерѓ Кастриоти Скендербег, да ја најавиме победата на Коалицијата ВАЛЕН, со голем собир, велат од ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

Кавга меѓу ВЛЕН и Бујар Османи за „српски свет“

ВЛЕН: Албанија да објасни зошто тројца наши функционери беа задржани на Ќафасан

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ потврди: Шасивари, Ферати и Сулејмани ќе раководат со трите нови министерства

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ бара истрага за наводите поврзани со тендери за заштитни огради во времето на Ејуп Рустеми

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ