Коалиција помеѓу ДУИ и ДПА?

Од:

ДУИ и ДПА водат интензивни разговори за заеднички настап на локалните избори, пишува во денешниот број дневниот весник Вест.

ДПА во Кичево за локалните избори ќе истакне само советничка листа, а Мендух Тачи нема да има свој кандидат за градоначалник во овој град. О овој потег партијата го прави за да не се поделат албанските гласови.

Се уште не е јасно дали со ова Тачи му прави пат за победа на кандидатот што ќе  го истакне ДУИ, ниту, пак е познато дали ДПА и јавно ќе застане зад кандидатот на Али Ахмети во Кичево.

Од ДУИ засега се на ставот дека тие со албанската опозициска партија не договарале таква соработка и дека оваа одлука е внатрешна работа на ДПА, пишува Вест.

 

 

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти