Престани, знаеш ли кого го браниш?
Затоа што ја претера!
Затоа што сакаш јавно да општиш работи кои задираат во најдлабоките чувства!
Затоа што повредуваш илјадници родители кои заради оние кои ги браниш избегаа по „белиот свет“!
Затоа што знаеш дека фактурата ќе те стигне. Долгот за неморалот при одбрана на ваквите до пред некое време беше соучесништво. Но, ова што го правиш јавно веќе се вика морален криминал над чувствата на луѓето. Затоа што те познавам како близок соработник на мојот брат. Затоа што го препорача во тимот на Тодоров, како млад експерт, кога стана министер за образование! Затоа што пред години отиде во недела на интервју за работа како квалитетен кадар од факултетот на кој предаваш и каде ревносно работеше и беше регрутиран,а во понеделник(СЛЕДНИОТ ДЕН) истиот тој ТодорОФ да му се заблагодари и да му каже дека нема потреба од него затоа што бил “комуњар.” Затоа што никогаш не се плашам од вистината, затоа што секогаш одбрана ми било образованието и знаењето, затоа што нема закана која може да ме предомисли!
Затоа КМишева, искрено те молам да замолчеш!
Затоа што нема сега кој да ми каже,не ја чепкај соработници бевме! Затоа што сакам и треба да знаеш дека токму кај истиот ТодорОФ, сегашен министер за здравство се случи “клик”(објаснување од терцијарно ниво) во системот ,односно несистемот.Затоа што треба да знаеш дека тогаш „комуњарот“ не ја доби работата пред години а пред два месеци го изгуби животот, токму кај тој министер,токму во ресорите на твојот пријател. Престани, помисли и доста одработуваш! Затоа мислам дека треба да знаеш ако а ако се` обидеш да заборавиш ќе те потсетам. Затоа,што мислам дека треба да го браниш системот а не виновниците?!Нели за тоа се боревте на матичниот факултет?.Некои релации се случуваат токму за да не направат подобри луѓе, како и ваквите писанија.
За Бог не знам, но Претседателот ќе те помилува! Се гледаме во политичка битка, но не` со нивото кое сакаш да го наметнеш. Ја слушав вчера пред легнување Синоличка Трпкова, ми остана во уво реченицата: „Болката може да те направи Хитлер или Мајка Тереза“……Прекрасна Синоличка, токму како името.Симболика, нели Тања? Престани да пишуваш и да чепкаш по туѓите чувства и животи! Затоа и` мислам дека време е да престанат да те објавуваат. И, уште ова, посакувам да си во право и да беа толку едноставни работите и да се заминуваше од оваа земја заради причините кои си ги навела.
Дејан Блажески