Клиниката „Жан Митрев“ продолжува со услугите за вродени срцеви мани на деца

Од:

Во Клиниката „Жан Митрев“ непречено продолжуваат да се изведуваат сите услуги поврзани со вродените срцеви мани на деца од раѓање до 18 години, информираат од Клиниката, преку соопштение.

„Имено, во текот на вчерашниот ден е примено неонатално со телесна тежина од 1,2кг во нестабилна состојба, кое после 22 дена поминати на интензивна нега, е пренесено во нашата Клиника и во моментот се прават сите пред оперативни анализи, за да може да биде оперирано во текот на следната недела.

Дополнително информираме, дека сите трудници кај кои е констатиран или ќе се констатира плод со вродени срцеви аномалии, како и досега, подлежат на бесплатни прегледи и се примаат во нашата Клиника, без никаков застој.

Пред се за доброто на нашите пациенти, Клиниката останува отворена за сите.“, се наведува во соопштението на Клиниката.

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) пред четири дена најави дека ќе испитува дали е законска постапката за доделување на лиценцата за вршење дејност од областа на детска кардиохирургија на специјализираната болница по хируршки болести „Жан Митрев“, како ќе работи оваа болница откако единствениот лиценциран детски кардиохирург Владимир Чадиковски што беше анагажиран таму даде отказ, и дали се исполнети условите за еднострано раскинување на договорот.

Би можело да ве интересира

Клиника „Жан Митрев“ 24 години – еден милиони прегледи и 400.000 успешни приказни

Поцеста и Филиповиќ нови директори на Клиниките за кардиологија и дерматовенерологија

Кривичен не му го врати пасошот на Жан Митрев за да оди на конгрес во Фрнакфурт

Катерина Ѓуровски

Холанѓани ја купуваат клиниката, Жан Митрев останува менаџер

Орце Костов

Клиника Жан Митрев: Обвинението е неосновано во целост, очекуваме јавен и транспарентен процес

Ана Ололовска

Судењето против Жан Митрев закажано за 28 февруари

Орце Костов