Клинички центар со еден директор од 2024 година: Меџити едвај чека да ги разреши досегашните

Од:

Министерот за здравство Фатмир Меџити најави дека од следната година Клинички центар ќе функционира само со еден директор кој ќе ги раководи сите клиники.

– Откако дојдов на функција работам на тоа прашање кое ме мачеше и како лекар. Информацијата е готова, во Фонд за здравствено осигурување се прават сите пресметки и најверојатно од 1 јануари 2024 година се очекува да функционира еден Клинички центар со еден генерален директор. Се прават последни подготовки, но информацијата ќе се испрати до Владата кога ќе дојде време, сега не можеме – истакна Меџити.

Тој рече дека ќе се укинат работните позиции – економски директори.

– Тоа се организациски директори. Да, едвај чекам тоа да се случи. Нема да имаме загубари како заедничките служби од 20 милиони евра, а кои не знаат што работат. Тогаш ќе се знае точно што е се работи, ќе се штеди и ќе има поголема соработка меѓу клиниките. Не откривам топла вода, но тоа го имало и било добра работа. Политички притисоци не ме интересираат. ЕУ го бара ова како скрининг и мора ова да се направи, здравството да функционира – рече Меџити.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Алиу: Нови опции за паркинг на Клинички, бесплатно за онколошки пациенти

Ѓорѓиевски: Почна големото чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, мобилизирани сите јавни градски претпријатија

Министерствo за здравство за починатото двегодишно дете: Деструкцијата на мозочното ткиво не дозволуваше хируршко лекување

Горан Наумовски