Ќучук: Нови избори во Бугарија ќе значат и ново одложување на преговорите за С. Македонија

Од:

Известувачот за Северна Македонија во Европскиот Парламент, Илхан Ќучук, вели дека имал добра средба со претседателот Стево Пендаровски и смета дека тој е тој што може да се постави како гарант за конструктивноста во решавањето на спорот со Бугарија.

Ќучук вели дека е речиси извесно оти ќе има нови парламентарни избори во Бугарија, што најверојатно ќе значи и повторно одлагање на официјалниот почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ и покрај повиците на највисоките челници на ЕУ да се даде зелено светло за старт на преговарачкиот процес до крајот на јуни годинава.

– Не останува време за до крајот на португалското претседателство и треба да бидеме подготвени за тоа сценарио, во овој момент не ми личи реалистично Бугарија да прифати и треба да се работи на тоа да се реши билатералниот проблем, со намалување на националистичката реторика од двете страни, изјави Ќучук.

Тој повика македонските власти да се фокусираат на реформската агенда, која ќе бара напор во наредниот период, како и да вложат во добрососедските односи.

Известувачот за Северна Македонија во Европскиот Парламент вели дека е свесен оти повторното одлагање на почетокот на преговорите за земјата ќе има обесхрабрувачки последици врз јавноста и дека „иднината е легитимен аргумент“, но оти и „за минатото треба да има разбирање во двете држави“.

Ќучук се надева дека двете страни ќе успеат да ги затоплат односите во наредниот период и повтори дека иднината на земјата е во Европската Унија.

Претседателот Пендаровски денеска остварува низа средби со челници во ЕУ, а утрешниот ден ќе го посвети на НАТО, при што ќе се сретне со генералниот секретар, Јенс Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

Орце Костов

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Сиљановска-Давкова се бори за прв, а Пендаровски за уште еден мандат