КЈП „Водовод“ од Кочани: За расчистување на снегот употребени 6 тони сол и 33 кубици песок

Од:

Соочени со вонредната ситуација поради студот и поледиците кои се создадоа по улиците, вработените во КЈП „Водовод“ Кочани веќе трет ден ги активираа дежурните служби кои фрлија шест тони сол и 33 кубици песок за колку-толку да го нормализираат сообраќајот и движењето на граѓаните.

– Поларните температури веќе го земаат данокот во семејните куќи и домови на жителите на општина Кочани и пошироко. Граѓаните се жалат на замрзнати цевки кои ги оставиле без вода во домовите, а се регистрирани и пукања на цевководите. Сепак реалните штети од невремето ќе се видат дури откако времето ќе попушти и ќе потече водата, изјави Аклександар Ефтимов, технички директор на кочански Водовод.

Во КЈП „Водовод“, истакна Ефтимов, последните пет дена е евидентирана зголемена потрошувачка на вода од 140 на 180 литри во секунда. И во услови на поларни температури системот за водоснабдување е во добра кондиција што значи дека водата стигнува до сите потрошувачи, посочи тој.

Би можело да ве интересира

Малолетници соблекоа и снимаа 6-годишно дете во училиште во Кочани

А1он

Баран во Македонија за 12,5 години затвор, таткото на Ива Михаилова зборуваше на бугарска ТВ

Горан Наумовски

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

А1он