Ќерката на жената од Неготино што партнерот ја претепа до смрт: Ја уби мајка ми, а сега го прават непресметлив за да добие помала казна

Од:

Ќерката на 46-годишната жена од Неготино, која почина откога партнерот ја претепа, е разочарана од институциите за кои вели дека сега настојуваат насилникот да го прикажат како непресметлив за да му ја намалат казната. Основното јавно обвинителство поднесе обвинителен акт, кој го товари за нанесување тешки телесни повреди при вршење семејно насилство, иако ќерката вели дека направил чисто дело – убиство на свиреп начин.

„Насилникот, за мене, е убиец и ништо помалку. Цели два часа се изживувал врз мајка ми, ѝ го скршил черепот, ѝ го нагмечил мозокот и сега вештакот кажува бил пијан, имал 1,94 промил алкохол во крвта и бил непресметлив. Значи, секоја пијаница може да убие и да не одговара за тоа оти е непресметлив! Особено ме допира и тоа што го претставуваат како семејно насилство, тие последните пет месеци не беа ниту во вонбрачна заедница, немаа ништо семејно и тој треба да одговара за убиство, а не за тешки телесни повреди“, вели Емилија Грнева, ќерка на убиената жена од Неготино, за „А1он“.

Таа на социјалните мрежи објави и фотографија од насилникот со објаснување дека сака сите да го видат монструмот што ја уби мајка ѝ.

Дека насилникот треба да одговара за убиство, а не за тешки телесни повреди, е ставот и на Платформата за родова еднаквост. Од таму посочија дека е јасно оти се настојува тој да добие помала казна оти, според сегашната квалификација на делото, казната е затвор од една до пет години, но доколку му се суди за фемицид, Кривичниот законик предвидува казна затвор од најмалку десет години или доживотен затвор.

Од Платформата јавно апелираа делото да се преквалификува во убиство и забележија што Обвинителството во однос на намерата за тоа дали сакал да ја убие жртвата се водело само од исказот на обвинетиот, кој рекол дека само сакал да ја истепа.

Обвинителниот акт беше поднесен на крајот на минатиот месец. Од Обвинителството нема најави за преквалификација за делото.

„Обвиненијата се поднесуваат врз основа на сите утврдени факти и обезбедени докази, а не според волјата на јавниот обвинител или според барањата на други страни. Во конкретниот предмет сите обезбедени докази покажуваат дека во целост се исполнети обележјата на кривичното дело од член 131 од Кривичниот законик“, велат од Обвинителството.

46-годишната жена почина во август годинава по поминати пет дена во кома, а насилникот беше притворен. Со поднесувањето на обвинителниот акт беше поднесен и предлог за задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена институција.

Би можело да ве интересира

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

Левица: Семејното насилство да се гони по службена должност – потребни се итни промени на Кривичниот законик

Горан Наумовски

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Битолчанец ја киднапирал и крвнички ја тепал поранешната партнерка, продолжил да ја удира и откако си ги исекла вените

Катерина Ѓуровски