Кривична пријава за таткото на Меланија за семејно насилство

Од:

СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.Ц. (56, татко на Меланција Цветковска која на социјалните мрежи побара помош, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“ од член 144 став 3 од Кривичниот законик.

Според информациите од полицијата, пријавениот подолг временски период, под дејство на алкохол, вршел психичко и физичко насилство врз членовите на своето семејство.

На 11 јули 2026 година, тој психички ја малтретирал својата сопруга и се обидел физички да ја нападне.

По преземените мерки, П.Ц. е пренесен на лекување во Психијатриската болница во Демир Хисар.

Случајот ја вознемири јавноста откако девојката на Инстаграм ја раскажа голготата низ која поминува нејзиното семејство и побара институциите да интервенираат во случајот. Под притисок на јавноста и на медиумите, таткото на Меланија беше сместен во болницата во Демир Хисар.

Би можело да ве интересира

Ја принудувал сопругата на сексуални односи, ги тепал и неа и нивните деца, уапсен 45-годишен гостиварец

Притвор за тетовец кој ги тепал сопругата и ќерката и се заканувал дека ќе ги запали

A1on

Двајца синови осомничени за семејно насилство врз своите мајки

Ја тепал со боксови и клоци, се заканувал дека ќе ја запали куќата, Обвинителството бара притвор за гевгеличанец

Таткото на Меланија која бараше помош на социјалните мрежи ќе биде сместен во болницата во Демир Хисар

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Не мора да има жртви за некој да нè слушне: девојка од Куманово бара помош во страв од таткото кој е насилен алкохоличар

Катерина Ѓуровски