Ќерката на жената од Неготино која почина откако партнерот ја претепа: Цели два часа се изживувал па викнал итна помош

Од:

Ќерката на 46-годишната жена од Неготино, која партнерот ја претепа и по четири дена во кома почина, на социјалните мрежи објави  фотографија од насилникот. Таа даде дозвола „А1он“ да ја објави фотографијата и целиот нејзин пост.

„Ја објавив фотографијата за сите да го видат монструмот. Јас го изгубив единственото нешто што ми беше важно во животот, немам што друго да изгубам“, кусо изјави ќерката на убиената жена за „А1он“.

Во објавата на социјалните мрежи таа опишува дека насилникот се изживувал врз мајка ѝ два часа, а потоа самиот повикал итна медицинска помош.

„Јавно сакам да го објавам монструмот кој ноќта на 2.8.2022 влегол во домот во кој живеевме со мајка ми, ѝ нанел тешки повреди на черепот и мозокот, воедно имаше и внатрешно крвавење и крвавење по рацете и градниот кош. Цели два часа се изживувал, па повикал итна медицинска помош. Во коматозна состојба била префрлена во Општата болница Кавадарци каде што ѝ била укажана максимална помош за да остане во живот, се бореше бидејќи таа беше жена борец. Од таму била префрлена во државната болница во Скопје на КАРИЛ каде што ѝ  направиле операција на главата. Јас бев надвор од градот кога утрото во 6:30 часот соседите нè известија за ситуацијата, па по еден час нè известија и од полициската станица. Цели четири дена беше приклучена на апарати, се бореше до последниот здив бидејќи имаше страшна повреда од раце на монструм, таква повреда до сега не е направена од сообраќајна незгода. Но, за жал, не издржа, кога се јавив во болница на 6.8.2022 ме известија дека состојбата е влошена за  по два часа да ми се јават и да ми изразат сочувство. Болката и тагата се неизмерни, таква борбена мајка се раѓа еднаш на 100 години“, објави ќерката на „Фејсбук“.

Таа апелира до сите жени да не се плашат и да пријават доколку некој се изживува врз нив, а за насилникот која ја уби мајка ѝ вели Бог да му суди.

Полицијата го уапси 51-годишниот насилник само неколку часа откако ѝ ги нанел смртните повреди на 46-годишната жена. МВР извести дека по документирање на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.

Раководителката на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, Маја Мојсова, за „А1он“ изјави дека жената кај нив била донесена во бесознание, со многу тешка повреда на мозокот и дека и по операцијата што ѝ ја направиле, веднаш по приемот, е во многу критична состојба.

46-годишната жена почина на шести август, по четири дена поминати во кома.

Би можело да ве интересира

52-годишен скопјанец бил истепан од неговата вонбрачна партнерка

Малолетник ја нападнал неговата 42-годишна мајка, малолетниот брат и 20-годишната сестра

Малолетник од Скопје си ја истепал мајката

24-годишен скопјанец ја истепал невенчаната сопруга

Maж си ја истепал сопругата на Бит Пазар

Ќерка ја истепала мајка си на работно место во Тетово