Ќе се заловуваат кучињата скитници во Куманово

Од:

Општина Куманово ќе потпише договор со ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“ од Куманово, најповолниот понудувач избран на тендерот за заловување кучиња скитници на подрачјето на општината.

Тендерот, беше распишан кон крајот на април, а единствена понуда доставил ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“. Понудата, според надлежните, ги задоволува предвидените услови и законски регулативи за заловување и хуман третман кон животните.

Раководителот на одделението за односи со јавност во општина Куманово Дарко Станојковски информира дека проценетета вредност на набавката е 600.000 денари, а по потпишувањето нa договорот ќе почне акцијата на заловување кучиња скитиници.

Општина Куманово и лани одови речиси иднетична сума за заловување на кучињата скитници. Минатата година кучињата ги заловуваа стручни екипи од ветеринарно-сточарскиот центар, а потоа се третираа согласно законските регулативи во прифатлиште лоцирано во кумановското село Четирце, кое ги исполнува сите законски стандарди и има капацитет за сместување на 40-тина кучиња. 

Би можело да ве интересира

ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово

Сообраќајка на автопатот „Пријателство“ – удрил во паркирани автомобил и камион

Анита Петровска Рајковиќ

Прогласена епидемија на голема кашлица во Куманово

Катерина Ѓуровски

Дилер од Куманово со нож повредил полицаец

Горан Наумовски

19 годишник дивеел и кршел во полиција во Куманово, нападнал и полицаец

МВР: Приведени се разбојниците кои пукаа и ограбија кумановец