Ќе се уредуваат плажите кај Стење и Сливница на Преспанското Езеро

Од:

Долж крајбрежјето на Преспанското Езеро ќе се уредат 600 метри плажа. Изградбата на плажите почнува денеска. Предвидено е да се уредат 500 метри плажа во Стење и 100 метри плажа во Сливница.

На почетокот на градежните работи е најавено присуство на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Според предвидениот проект, на плажата треба да се изградат шанкови, платформа за сончање, пристаниште за воден сообраќај и издавање на водени пловни средства, простор за соблекувални, чешми и тушеви, спортски игралишта на песок за одбојка, тенис, фудбал  и пешачка патека.

Би можело да ве интересира

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Мицкоски: Растот на куповната моќ и туризмот се доказ дека државата оди напред

Нестабилноста на Блискиот Исток ја забавува турската летна сезона и ги пренасочува туристите кон ЕУ

Бројот на туристи во Грција зголемен за 38 отсто во споредба со лани

A1on

Влатко Сулев: Туризмот е најдобриот амбасадор на нашата култура и традиција

Беснее пожарот во Националниот парк „Преспа“, тешко оди неговото локализирање