А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

„Сигурна судиска тројка“ ќе одлучува за притворите за „Титаник“?

by А1он18/02/2016 - 09:5818/02/2016 - 13:44278
Share0

Кривичниот совет од Организиран криминал и корупција на Основен еден денеска ќе соопшти што одлучиле по жалбите на Катица Јанева.

Добивај вести на вибер

СЈО ги обжали сите одлуки за неопределување на притвор за 8 осомничени во случајот „Титаник“, кои се товарат за злосторничко здружување, изборни измами, уништување на избирачки материјал и фалсификување на вољата на граѓаните за гласање.

Судот одлучи, наместо за секој притвор поединечно, да се чекаат сите жалби за да може, како што велат експерти за А1он, „сигурна и одбрана судиска тројка“ да ги донесе одлуките.

Доделувањето предмети во Судот е по електронски пат, за да нема местенки. Но претседателот одлучува за годишниот распоред на судиите.

Во негови раце е кој ќе суди кривични а кој прекршочни предмети. Без да се почитува постапката, судијата, кој по барање на Катица Јанева, по една година го укина притворот за Зоран Верушевски, од кривични како награда ги доби прекршочните предмети. Но поради незапазена постапка, предметот е вратен од Врховен.
И не само тој, туку и други судии беа прекомандувани, за што поднесоа желби.Сепак Лидија Неделковска, претседателот на Врховен суд одлучи петте судии кои судеа кривични предмети или организиран криминал во скопскиот кривичен суд да не преминат во одделот за прекршоци како што наложи претседателот на судот Владимир Панчевски. Неделкова им ги уважи приговорите и ги врати на истите позиции.

Т.Ц.

sjo

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 08:2216/02/2023 - 10:28

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов12/05/2022 - 19:1413/05/2022 - 10:51

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов28/01/2022 - 10:0529/01/2022 - 10:29

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска20/07/2021 - 11:39

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов14/07/2021 - 12:0114/07/2021 - 14:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен