Ќе се изработи акт за прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје во категоријата заштитен предел

Од:

Врз основа на податоците од Студијата за валоризација за предлог-подрачјето за заштита „Водно” во категоријата заштитен предел, а земајќи ги предвид геолошките, геоморфолошките и биолошките вредности, како и посебното значење за жителите на Градот Скопје, се наметна заклучокот дека планината Водно ги исполнува критериумите да биде прогласена за заштитено подрачје од V категорија – заштитен предел, соопштија од Град Скопје.

Од Град Скопје наведоа дека за таа цел МЖСПП доставило иницијатива и Владата на Република Северна Македонија на 17 ноември 2020 година ја разгледала и усвоила Информацијата, и донела Одлука за прифатливост на предлогот за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во категорија V – Заштитен предел, со која го задолжила МЖСПП да спроведе јавна расправа по предлогот, да го изготви конечниот акт за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во категоријата V – Заштитен предел и конечниот предлог да го достави до Владата на усвојување.

Од Град Скопје посочија дека за вклучување на засегната јавност има објава на предлог актот за коментирање на веб страницата на МЖСПП и ЕНЕР, ќе се одржи јавна расправа за предлог актот помеѓу 1 и 5 февруари 2021 (со дополнителна најава и покана во јавните гласила и на веб-страницата на МЖСПП) и ќе има барања мислења и состаноци со владини институции, единици на локална самоуправа и бизнис заедница.

Би можело да ве интересира

Жичницата на Водно не работи поради засилен ветер

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Одржан состанок за спречување на појава за слечиште на Водно, од Владата побарано да се интервенира на приватен имот