Ќе се гради шопинг центарот на Скопски Саем

Од:

Компанија за развој на недвижности во Централна Европа „ТриГранит Група“ соопшти денеска дека има постигнато договор со својот словенечки партнер „ЕРА Холдинг“ во однос на соработка за изградба и развој на проектот „ЕРА Сити“ во Скопје, кој се наоѓа до Скопски Саем, а чиј сопственикт е „ЕРА Груп“, дел од словенечкиот „ЕРА Холдинг“.

Со ова „ТриГранит Групацијата“ ќе биде пристуна во 10 земји, а договорот опфаќа изградба на проектот, управување со недвижноста и обезбедување на лизинг услуги. Проектот „ЕРА Сити“ треба да вклучува шопинг и забавен центар, канцелариски простор и хотел, се вели понатмау во соопштението.

Торок Арпад, извршен директор на „ТриГранит Девелопмент Корпорејшн“ рече дека неговата компанија има големо искуство во изградба и развој на нови градски центри. Таа има градено такви центри во Будимпешта, Краков, Познањ и други.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски