Ќе се бара соодветен термин за попис во 2020 година

Од:

Премиерот Зоран Заев и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски следната недела ќе одржат средба на која ќе разговараат за новиот датум за спроведување на Пописот на населението, што треба да се одржи во април догодина, но ќе биде пролонгиран поради предвремените парламентарни избори.

Заев одговарајќи на новинарски прашања по Конференцијата на Светската царинска органзиација, истакна дека Пописот треба да биде спроведен во 2020 година.

– Следната недела ќе одам на состанок со директорот на Државниот завод за статистика за да ги утврдиме соодветните трермини. Пописот не треба да го одложиме, сите се согласивме на лидерската средба, односно само го споменавме, немаше дебата. Првичните планови беа меѓу 1 и 30 април, секако тој може да се спроведе во мај, може и есента 2020 година, но да не прејудицираме што било да разговарам со директорот, но не треба да се откажуваме од псроведување попис во 2020 година, истакна премиерот.

Пописот на населението беше најавен за април 2020 година, но поради договорот од лидерската средба за предвремени избори на 12 април оваа операција не може да се одржи во првично предвидениот датум.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Објавен разговор меѓу Заев и лажната Грета

Кристијан Ландов

Заев на средба со прилепски стопанственици: Со навремени мерки спасивме илјадници работни места

А1он

Заев не очекува интервенции во преговарачката рамка за членство во ЕУ

А1он

Османи: По изборите ќе почнеме со подготовки за попис на населението

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Заев: ЕУ ја утврди преговарачката рамка, нека запрат лагите дека сме го изгубиле македонскиот јазик

Кристијан Ландов

Заев: Бидете горди, со членството во НАТО добивме имотен лист на државата

А1он