Ќе го отвори ли парламентот утре скандалот со прислушувањето?

Од:

Не се одржа денешната седница на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето и е одложена за утре кога се очекува конечно да биде усовен деловникот. По три одржани седници членовите на Комисијата се уште немаат деловник за работа. Во тек се координации меѓу пратеничките групи, по што се очекува утре конечно да се постигне соглсасност за предложениот текст.

Претседателот на Анкетна, Петре Шилегов, рече дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ веќе ги „испеглале“ поголемиот дел од разликите и дека до утре треба да се договорат уште неколку поединости. Како што рече Шилегов, возможно е утре Комисијата да одржи две седници во еден ден.

Се уште не е јасно дали е постигнат договор за начинот на гласање, затоа што предложениот деловник предвидуваше во случај на еднакво број на гласови, одлучувачки да биде гласот на претседателот. Ова за членовите од ВМРО-ДПМНЕ беше неприфатливо. Тие имаат осум гласа во Комисијата, СДСМ има 4, ДУИ има два гласа, ДПА – 1, а членува и еден независен пратеник.
Анкетната комисија треба до крајот на јануари да го изработи првиот извештај кој ќе ги утврди околностите околу прислушувањето, но и политичката одговорност за содржината во објавените материјали.

Би можело да ве интересира

Мизрахи бара продолжување на работата на Анкетната за Онкологија

A1on

Сали побарал оставка од директорот Васев: Поранешниот министер сведочеше пред Анкетната за „Онкологија“

Катерина Ѓуровски

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов