(ВИДЕО) Кировски: Со години сме тероризирани од пиратеријата на кабелските оператори

Од:

Дестеци пријави против кабелските оператори се проследени до Обвинителството но тоа не постапува по нив, а телевизиите со години се тероризирани од пиратеријата што ја спроведуваат во медиумскиот простор, беше кажано на денешната прес конференција организирана од Македонската медиумска асоцијација ви која членуваат директорите на телевизиите Канал 5, Аласат, Алфа, Сител и Телма.

Според нив недозволиво е тие да плаќаат за авторските права за одредени програми а кабелските оператори да ги реемитуваат пиратски истите тие програми.

„Дали во Германија им се случува „РТЛ“ да пиратира програми. Телевизија Телма ги имаше откупено правата за утакмици на светското првенство, ама една од утакмиците истовремено се емитуваше преку кабелските опаратори на Каналот „РТЛ“. Ние сме со години тероризирани од кабелските оператори, имаме и десетици пријави за кои не постапува Обвинителство. Ваквото однесување на операторите е недозволиво. Што правиме со повеќе од 30 канали кои пиратски емитуваат по 100 филмови на ден, а ние за истите плаќаме авторски права“, рече Атанас Кировски од Телма.

Спрегата меѓу кабелските оператори и телевизиите ескалираше од избрзаното усвојување на измените во Законот за медиумски услуги со кој на операторите им се наметнува одредба која е неприменлива, затоа што ги става во состојба да гарантираат за авторските права на програми што не ги произведуваат, а за тоа да сносат кривична одговорност.

За решение на овој проблем се заинтересирале и некои влади од влијателни членки на ЕУ кои преку своите амбасади веќе реагирале до нашите власти дека треба да се најде решение до кое ќе се дојде преку консензус меѓу сите засегнати страни и кое истовремено ќе биде во согласност со европската регулатива и практика.

Операторите пак упатија закана дека ќе ги исклучат каналите откако со измените на Законот за аудиовизуелни услуги се обврзани да гарантираат за авторските права на програмите што ги реемитуваат и за тоа да сносат материјална и кривична одговорност.

Измените беа донесени консензуално, откако националните телевизии подолг период укажуваа дека земјава е мека за пиратерија.

Проблемот, според телевизите, е во тоа што досега нашата држава не направи систем на селекција кои канали може да се реемитуваат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март