Кирков: Со Данела Арсовска и нејзините кадри за директори од најголема атракција Зоолошката Градина во Скопје се претвори во хорор приказна

Од:

„Мојот збор ќе се однесува за годишната програма за вработување во Зоолошката Градина. Навистина ми е жал што немаме претставник од Зоолошката Градина што говори и за тоа каква почит имаат и кон овој совет и кон сите нас советници кои сме денес тука. Замислете со доаѓањето на Данела Арсовска и нејзините кадри како директори кои ги менува како гинис, од нај посетувана установа Зоолошката градина, зоолошка која беше атракција во регионот која привлекуваше голем број туристи за само три години Арсовска и нејзините кадри направија зоолошката градина да изгледа на една хорор приказна“ кажа Стефан Кирков на денешната седница на Град Скопје и додаде:

„Наместо иновации таму умираат животни,повеќе од 40 егзотични животни за 2,5 години смртност, имаме инциденти, труење на животни, имаме животни затруени од салмонела од неисправна храна имаме незгоди, зоолошката стана небезбедно место и замислете се бара програма каде што се бараат нови вработувања. За кого еве ќе се обратам до Градоначалничката за кого се бара нови вработувања кога ние имаме повеќе од половина празни кафези? Во програмата пишува се бара ЗОО негуватели, за кого? Зоолошката градина според мене треба да добие нов менаџмент, и наместо овој директор и овој менаџмент да размисли дека треба да ја напушти оваа позиција и да отстапи место на некој кој навистина ќе знае и умее да донесе инвестиции во зоолошката да го врати сјајот тие бараат нови вработувања. Сметаме дека тука се работи за тешки манипулации и злоупотреба само за да се добијат вработувања. Сметам дека не треба да се дозволи вработувања, ова што се случува во моментот не му доликува на Скопје и најстарата зоолошка градина. Директоре и Градоначалничке време е да превземете нешто или да си заминете“ истакна Кирков.

Би можело да ве интересира

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Извршена е прва трансплантација на рожница во јавното здравство во нашата држава

Арсовска: Го чекаме режимскиот диктатор Мицкоски да покрене постапка за УСЈЕ

А1он

Ѓорѓиевски: Скопје ќе ја добие првата подземна сообраќајница и три нови кружни текови

ДКСК: Со изземање на службеното лице ќе се избегне директно или индиректно влијание врз носењето на одлуката на Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права