„Денес посетив повеќе институции – средни и основни училишта и Домот за доенчиња во Битола, а ќе го посетам и Заводот за здравствена Заштита Прилеп.
Посетите се поттикнати од големиот број на информации кои секојдневно доаѓаат до мене, а се однесуваат на злоупотреба на службената положба и ставање на истата во функција на владејачката партија. Пријавите кои доаѓаат се и од вработените и од родителите, а и од учениците!
Имено во сите овие институции се вршел и сеуште се врши притисок врз вработените истите да бидат кворум на митинзи на ВМРО-ДПМНЕ и да собираат по неколку сигурни гласачи.
Една од директорките на едно средно училиште ги наведувала дури и учениците – малолетници на партиски активности и тоа за време на настава.
Јасно им порачав на раководителите – Веднаш да прекинат со глупостите и да си ја гледаат работата за која земаат плата!
Да не бидат маша во рацете на криминалната власт, затоа што никој нема да ги спаси од одговорноста! На овој начин стануваат соучесници во криминалните активности на поединци во власта, а со тоа можат да се соочат дури и со казна затвор!
Ја уверувам јавноста – Ќе направиме се изборите на 11-ти декември да го отсликаат реалното расположение на граѓаните“, изјави дополнителниот заменик на министер за информатичко општество и администрација, М-р Александар Кирацовски.