Кирацовски: Не знам кој е Кики, а Коки е веројатно Боки

Од:

Пратеникот Александар Кирацовски од СДСМ за „А1он“ вели дека не знае кој пратеник стои зад псевдонимот Кики, за кој новинарот Бранко Геровски пишуваше дека изнудувал рекет од бизнисмени заедно со Боки 13 и Зоки Кичеец.

„Коки? Па веројатно Боки. Не знам кој е Кики, вие мислите дали станува збор за мене? Ќе видиме Геро на кого мисли. Апсолутно јас не се препознавам, Геро има таму има изнапишано разно-разни глупости, како да ти кажам. Не знам. Ти ми се јавуваш и прашуваш ‘Кого препознаваш во Кики’ и тоа мене јасно ми алудира. Дај Боже нека објави Геро дека јас сум Кики па да се расчистиме до крај, како што личи. Инаку ова мене ми личи на инсинуација со одредена намера“, рече Кирацовски во изјава за „А1он“, додавајќи дека причините за инсинуација се долги и широки.

Кирацовски вели „Дај Боже истрагата да се продлабочи до таа мера, за да се расчитат сите апсекти“.

„Не ми се верува дека е некоја хајка против било кого, бидејќи се споменуваат двајца пратеници. По псевдонимите, по некоја асоцијација и вас ви дошло дека јас сум Кики, тоа е јасно“, додава Кирацовски во изјава за „А1он“.

Пратеникот Кирацовски вели дека нема никаква врска со случајот за рекет кој го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција, а го води обвинителката Вилма Русковска.

„Ова е катастрофа. Дај Боже секој што има направено вакво злодело, да заврши таму каде што му е местото“, вели Кирацовски.

Запрашан дали има некакви деловно-приватни релации со првоосомничениот за изнуда на рекет, Боки 13, пратеникот Кирацовски вели дека немал приватни дружби, а сите политичари кои гостувале во 1ТВ, имале слика со неформалниот сопственик Боки 13.

„Сите политичари што биле во телевизијата имаат по една слика со него. Сите, сите, сите, од прв до последен. Посебно приватна дружба сум немал, бидејќи јас не сум можел да се видам со моите другарите, а не пак со Боки или било кој друг“, тврди Кирацовски.

Пратеникот вели дека за него најважна е истрагата, верувајќи во институциите од кои очекува да го расветлат случајот до крај.

„Преку истрагата да се отфрлат сите овие шпекулации“, заклучува пратеникот.

Би можело да ве интересира

Јовановски и Камчев се скарале пред Кривичниот суд

Кристијан Ландов

Адвокатката на Јанева задоволна од сведочењето на Камчев во „Рекет“

Кристијан Ландов

Кривичен суд: Барањата на одбраната за одложување на „Рекет“ се начин за одолговлекување на постапката

Ана Ололовска

Судијката го прифати барањето на Јанева, следното судење закажано за в четврток

Ана Ололовска

Адвокатите на Јанева бараат да се одложи „Рекет“ бидејќи таа е во ризичната категорија според мерките за коронавирусот

Кристијан Ландов

Јанева во „Рекет“ почна да докажува дека не е виновна, јавноста исклучена од судењето

Ландов