Кирацовски на средба со претставници на Синдикатот на македонската дипломатска служба

Од:

Кариерната и образовната дискриминација, со која се соочени голем број вработени во администрацијата била тема на разговор на денешната средба меѓу дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски и претставници на Синдикатот на македонската дипломатска служба.

На средбата, информираат од Кабинетот на Кирацовски, дополнителниот заменик министер порачал дека вакви проблеми има скоро во секој орган на државната и локалната власт, како и во останатите институции.

– Тука би го додал и казненото оценување што оваа власт го воведе и за што искуството покажува дека недозволиво се користи за политички притисоци врз администрација, изјавил Кирацовски по средбата.

Тој посочил дека по изборите, новата влада треба да воведе објективен систем на кариера во кој ќе напредуваат сите службеници кои ќе ги исполнат утврдените услови, образование, искуство и резултати.

– Казните од апсурдното оценување на администрацијата веднаш да се укинат и да се воведе систем кој ќе мотивира, наместо да казнува, порачал Кирацовски.

Оценил дека средбата што ја имал со претставници на Синдикатот на македонската дипломатска служба, на нивно барање е доказ дека вработените во сите ресори се охрабрени, довербата е воспоставена и постои решителност заеднички да се решаваат проблемите во интерес на вработените и на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Три реформски закони поминаа во прво читање, додека Законот за инспекциски надзор е целосно усвоен во Собранието на Република Македонија

Алијансата за Албанците: Во тек е процес на деалбанизација на јавната администрација во Македонија

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ

Државната администрација брои 129.374 вработени, во Владата и министерствата работат 14.500 лица

A1on

Не се знае каде и за што се потрошени 12 милиони евра од вкупно 30 за реформи во администрацијата, утврди ревизијата

A1on