Кина со помош од пет илјади тестови за Ковид-19 за Македонија

Од:

Денеска на скопскиот аеродром пристигна помош од Народна Република Кина од пет илјади тестови за Ковид-19. По тој повод заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања и национален координатор за распределба на странска помош во земјава, Бујар Османи и амбасадорот на Народна Република Кина во земјава, Жанг Зуо, остварија видео конференција на која испратија пораки и до јавноста.

„На скопскиот аеродром денеска пристигнаа преку пет илјади Ковид тестови кои ни се исклучително неопходни и чии можности за набавка се ограничени, како и значајна заштитна опрема како што се заштитните скафандери, маски, заштитни капи итн“, рече Османи, и се заблагодари на Кина и на амбасадорот Жанг Зуо, за огромниот ангажман во обезбедувањето на ова поддршка.

Во оваа прилика тој нагласи дека ова не е инцидентна поддршка, туку претставува дел од континуираната помош која Кина ја обезбедува за нашата земја и претставува доказ за одличната соработка како со амбасадорот Зуо и неговиот тим, така и севкупно со Кинеската држава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако Кина ја преземе Канада ќе го укине хокејот

Пред најавената воена вежба на Русија, Кина и Иран, предупредување од САД да не се приближуваат до американските бродови

Стармер: Лондон цврсто го поддржува принципот „една Кина“

Мерц: Кина се проби во редовите на големите сили, водство на САД е доведено во прашање

Телеграф открива: Со години Кинезите ја прислушувале британската влада

Врховниот кинески генерал е уапсен под сомнение за оддавање тајни