Шест месеци затвор доби Зоран Милески-Кичеец за сообраќајката која ја предизвика во близина на Стража, а загина едно лице, дознава „А1он“. Оваа казна му е изречена врз основа на спогодба која ја склучи со Обвинителството, а ја прифати надлежниот суд. Од Обвинителството за „А1он“ велат дека е констатирано дека тој претекнувал возила на полна летна, за што признал вина и изразил жалење за кривичното дело. Токму ова е олеснителната околност поради која е склучена и спогодба.
„Од резултатите на извршените вештачења произлезе дека осомничениот во критичниот момент немал траги од алкохол или опијати во крв и урина и не ја пречекорил дозволената брзина на патот. Имајќи ги предвид сите утврдени околности, надлежниот јавен обвинител констатираше дека осомничениот го сторил делото од небрежност и дека во конкретниот случај се исполнети елементите на кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, велат од Обвинителството за „А1он“.
Претходно, Милески-Кичеец барал и условна казна преку спогодба, која не му била прифатена.
„Надлежниот јавен обвинител го одби ваквиот предлог, па имајќи ги предвид сите околности во предметот и судската пракса на Основниот суд Гостивар“, додаваат од Обвинителството.