Кежаровски разочарани од обвинителите на Јанева: Со ваков тим надежта е изгубена

Од:

Новинарот Томислав Кежаровски и неговата сопруга Марина Кежаровска, се разочарани од изборот на Катица Јанева за јавни обвинители кои ќе учествуваат во нејзиниот тим. Една од избраните јавни обвинители, Лиле Стефанова, беше задолжена за случајот „Ликвидација“ каде побара притвор и затворски казни за судии, адвокати, јавен обвинител, како и за новинарот Томислав Кежаровски.

-Со ваков тим можат само наназад. Таа грам надеж што постоеше по формирањето на специјалниот јавен обвинител, сега е загубена. Не станува збор само за мојот случај – вели новинарот.

Неговата сопруга не очекува правда по искуството кое нејзиното семејство го имало со Стефанова.

kezarovska

-Можам само да ви посакам „Среќна нова 49-та.“ Имајќи предвид како поминавме и какви обвиненија му даде на Томе, не очекувам правдина и се разочарав. Во тој период јас бев изненадена од неа, од начинот на кој Томе беше обвинуван од истата таа обвинителка, а сега треба правда да спроведува – вели Кежаровска.

Стефанова е обвинителката која го распрашуваше Слободан Богоевски во предистражната постапка за случајот „Маѓар телеком“, која Јавното обвинителство ја отвори пред извесно време по допрен глас. Поднесуваше обвиненија и против Паско Кузман во случајот наречен „Фаланга 2“, но и за претседавачот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, за фирмата „Машинопромет“, за вработените во Националната установа Музеј на Македонија, но и за случајот наречен „Шпион“. Се јавува како обвинител и во случајот „Пајажина“.

Медиумите пишуваа дека Стефанова се појавила и во случајот „Пуч“. Таа во овој предмет не е потписник на обвинителниот акт против Зоран Заев, но на првото закажано рочиште се појавила како придружба на својот колега.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“

Катерина Ѓуровски

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

A1on

Врховен им ги потврди затворските казни на Катица Јанева и Бојан Јовановски за „Рекет“

Кристијан Ландов

Судењето за милионот одложено, сведоците не дојдоа, тужените бараа да се суди без нив

Ландов