Срѓан Керим по објавата дека е недостапен за СЈО, за „Макфакс“ одговори дека бил достапен за сите, па и за специјалното јавно обвинителство.
„Јас сум достапен за сите, па и за СЈО, а каде ќе одам и што ќе правам е моја приватна работа“, рече Керим.
„Ниту сум под истрага ниту сум цел на прогон“, вели Керим.
Тој кажа дека информациите ги смета како хајка намерно насочена кон него за да се дискредитира лично.
Тој, како што рече, ги демантира информациите дека СЈО не може да го добие и дека пред два дена контактирал со специјалното јавно обвинителство.
Но, од таму за „Макфакс“ уште еднаш ја потврдија информацијата дека ексидректорот на МПМ подолг период е недостапен и куририте не можеле го најдат на неговата адреса.
„Макфакс“ објави дека првите луѓе на МПМ, Срѓан Керим и Јана Станисављева, се недостпани за органите на прогонот. Од СЈО рекоа дека нивната курирска служба се обидува да им врачи покани за да дојдат на дополнителни разговори за случајот со стечајот на МПМ.
Васко Маглешов